нашата приказна
На нашата долга листа составена од драги корисници ќе најдете и DIY креативци, графички и модни дизајнери, хобисти, калиграфи, љубителите на сликарската уметност, вљубениците во бојата и естетиката, и еден куп креативни фраери и фраерки кои сакаат кул подароци и супер изненадувања, па така својата инспирација ја пронашле во нашето шарено катче.
Во Auris Art ви нудиме висококвалитетен сликарски прибор – од уметнички бои до четки за сликање и платна. Акрилни, маслени, акварелни и гвашни бои, дрвени и акварелни боици, пастелни бои, професионални маркери, sketchbooks, глина, различни типови на четки за сликање, уметнички платна, медиуми, непроѕирна смола… се само дел од производите кои може да ги најдете во нашата продавница. Ние сме воедно и генерални дистрибутери на македонскиот пазар за Pébéo и Royal Talens – светски познати брендови за уметнички бои и сликарска опрема. Нашата цел е да ви овозможиме вистински квалитет по најповолна цена со чија помош вие ќе ја претворите вашата креативна идеја во реалност.
Низ годините имаме остварено соработки со Факултетот за ликовна уметност и разни други институции и организации, како и со индивидуалци и истакнати ликовни уметници во државата. Отворени сме за соработки кои ќе бидат од меѓусебен интерес и ќе ни помогнат во промоцијата на креативната идеја, уметноста и квалитетот. Поддржуваме креативни натпревари, културни настани и сите оние на кои што им се потребни нашите производи.
Ја започнавме нашата приказна од љубов кон сликарската уметност, продолжуваме да растеме како резултат на истата.
Во Auris Art имаме сѐ за уметници и оние кои што сакаат да бидат!
нашата продавница
- Теодосиј Гологанов бр.47, Скопје
работно време:
Понеделник – Петок: 08h – 18h
Сабота: 08h – 14h